Sunday, August 2, 2020
СЕКОЈ ЧОВЕК УСПЕВА ВО ТОА ШТО ГО РАБОТИ
Човекот одамна открил дека има ум и дека може да мисли,.Сфатил дека неговиот ум е неговото најсилно оружје. Но која е таа идеална состојба на неговиот ум во која тоа оружје е намоќно во решавањето на проблемите на постоењето?
Не постои ништо пофлексибилно од човековата способност да мисли и верува. Неговиот капацитет (способност да искуси нешто) за промени е речиси неограничен. Значи природата на човекот и состојбата на умот насекаде во светот, па и во Македонија, може потполно да се промени и тоа за временски период од само неколку години. (за ова има многу примери во човековата историја:-ширењето на христијанството;-исламот;-крстоносните вони;-револуционерните движења;-идејата за комунизмот и сл).Штом луѓето се менувале во толкав голем број тогаш менувањето на еден човек би било речиси едноставно. И тоа е точно. Секој , па и ти, има искуство дека се менувал во текот на неговиот живот.
Што треба човек да знае за да може за само неколку недели да постигне значајни подбрувања:
1. Човекот е навикнат на промени. Бистрината и способноста на твојот ум се намалуваат кога ти чувствуваш дека мора да протестираш против промената. А треба ли да протестираш што твојата околина се менува секој ден?
2. Човекот е успешен. ( Потоа рече Бог „ да создадеме човек според нашиот образ и подобие... кој ќе биде господар.... над целата земја и над се што се движи по земјата“,Прва книга Мојсеева,1.26) Ова е очигледно бидејќи човекот опстојува до денес. И тој е успешен бидејќи има власт и може да менува. Твоја цел е освојување на околината. Кога не си успешен во освојување и контрола на твојата околина направи промена во формата и методите и врати го повторно твоето владеење.
3. Човекот не се прилагодува на околината. Тој ја прилагодува околината на себеси. Во тоа лежи твојот успех. Кога ти нема да успееш да ја прилагодиш околината, кога ти заостануваш во контролата на твојата околина ти се менуваш себеси или твоите идеи се додека повторно не можеш да ја менуваш околината.
Но зошто обие три големи квалитети на човекот, засновани на моќта на неговиот ум, не функционираат кај најголем број на поединци. Функционираат ли кај тебе?
Поради грижите за сопствениот ум и состојбата на постоење, како и поради неговиот напор да ги контролира другите, човекот присвоил робовска филозофија. Секоја личност која измислува или користи ваква филозофија всушност се стреми да се ослободи од тоа наметнато ропство и со некој свој изум силата на другите да ја анулира. Ова на крај води до стапица за самиот корисник.
Очигледен закон, а не мислење, е дека оној кој ги поробува и ограбува сопствените пријатели на крајот и самиот станува поробен и ограбен.
Подучувањата дека човекот треба да се прилагодува на неговата околина, а не да ја прилагоди неа на себе, е токму таква робовска филозофија и не е корисна- само затоа што е спротивна на вистината.
Обидите за поробување произлегуваат од стравот, кој е предизвикан од загубата на самодоверба во сопствената способност да се успее. Така е созададен овој наш свет во кој самодовербата се бара преку ограбување на другите. Тоа е почетокот на пропаѓање на општествата.
Секој може да се ослободи од робовската филозофија која настанала во моментот кога ти си престанал да ги решаваш проблемите на твоето постоење и си посакал некој друг да се грижи за нив.
Затоа врати се и ти кон врвните, од Бога дадени, човечки квалитети (навикни се на промени, владеј со промените, менувај се за да ја промениш твојата околина).
Применливи решенија за разбирање на горенаведното побарајте преку creation@t-home.mk
Comments
Leave a Reply
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment