Многу честитки со добри мисли и желби од и до другите луѓе за убавини и радости во животот. Секој што го слави празникот како да воскреснал на момент за сите луѓе. Испраќа најубави желби за добар живот, без разлика дали ги среќава често или ретко во текот на годината, дали ги сака повеќе или помалку и дали тој прв им честитал или тие нему. Толку добрина на момент во секој од нас, да помисли на животите на другите и да ги потсети дека не се сами на својот животен пат. Секој накратко, посакува своето постоење да биде од полза и помош за другите.
Не можам да си одговорам зошто овие способности мнозинството ги користи само за време на празникот. Зошто не траат преку цела година? Толку ли е тешко да воскреснуваме секој ден по малку , да испратиме добра мисла за другите и да им бидеме од помош со тоа што го работиме? Се оди во прилог дека не е тешко да се користат ваквите велигденски навики, впрочем сите ни одговараат на пораките задоволно и со почит.
Во теоријата за претприемништвото, способноста успешно да се трансформираат идеите во дела, по правило, зависи од два фактори.
- Првиот е тежината на проблемот што се решава, поточно што луѓето сметаат дека е проблем за решавање и
- Вториот, бројот на луѓето на кои решението на проблемот им помогнал во животот и работата (парите и сите материјалните нешта).
Велигден е потврда дека секој ги има способностите и навиките. Оваа 2020 година е многу поволна за секој што сака да го искуси овој предизвик.
Ајде да ги применуваме велигденските навики секој ден и заедно.
Да направиме, ако не секој ден, барем најголем број на денови од 2020 година да биде Велигден.
No comments:
Post a Comment