Sunday, February 12, 2012

MANAGEMENT CONSULTANT?

ШТО Е ПРОФЕСИЈА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТ?

Управувањето со производ, организација, група, комуникација, потрошувач значи поставување на цели и обезбедување на ресурси за нивното остварување. Овие две големи работи можат да се комбинираат на различни начини на локален, регионален или глобален пазар. Затоа во зависност од способноста да се поставуваат цели и да се дојде до ресурси за нивно остварување една организација, фирма, група може да ги посигнува или не постигнува посакуваните резултати ( ефекти). Врз основа на овие напори фирмата работи ефективно или не, поточно успева да ги оствари своите цели[1] или не. Втората критична точка во управувањето се ресурсите[2] од кои зависи дали постигнувањеот на целите се прави со рационално и оптимално трошење на ресурсите или не. Во тој случај се зборува за ефикасно или неефикасно работење. Изборите што менаџментот ги прави на планот на целите на фирмата и потребните ресурси спаѓа во знаењето за носење и извршување на одлуки.

За успешно управување, акција на остварување на цели со оптимално трошење ресурси, постојат неколку процеси (планирање, организација, водство, контрола) кои треба последователно да се извршуваат како би се обезбедило предвидливост на превземените акции[3]. Теријата за менаџментот обезбедува информации и постапки како да се предвиди резултатот од донесената одлука и како нејзиното извршување да ги избегне ризиците што стојат на патот на менаџментот. Ова знаење е преточено во применливи алатки кои се користат во управувањето со организација, фирма.

Менамџент Консултант е професија која користи применливи алатки за да се подобри процесот на одлучување за целите и ресурсите на фирмата како би се влијаело за подобрување на нејзина пазарна позиција и финансиските резултати.

Ангажирањето на меаџмент консултант значи подготвеност, користејќи надворешна подршка, да се направат промени во фирмата кои ќе влијаат на или на степенот на остварување на целите на фирмата, или на помало и поефтино користење на ресурси за оставрување на целите или пак и на двете работи истовремено.

[1] Целта се дефинира како посакувана остојба за фирмата.

[2] Ресурсите се дефинираат како време, материјали, опрема, знаење, технологија, информации и пари

[3] Улога на науката ( знаењето за управување-менаџмент) е да обезбеди процеси преку кои може да се предвиди резултатот од превземената акција.