Monday, November 8, 2010

Улогата на религијата и науката за развој на човековата свест

За нешто да се дефинира како религиозна филозофија , мора да исполни два услови: Првиот услов е, да презентира дека човекот во овој свет многу страда и дека не е слободен. Вториот услов е, да се понудат начини како да се спаси од тоа страдање. Ако ги погледнете сите постојни религии, ќе видите дека сите ги имаат овие две работи како основа за нивното постоење. Православната религија одговара на овој предизвик, во себе ги содржи и двете работи. Опстојала подолго зато што на посебен и свој начин, успеала да му помогне на човекот во неговото приближување до бога, односно до она што го прави различен од се друго што постои на земјината топка. 
1. За потврдување на религијата во однос на првиот услов, дека човекот страда на земјата, се користи минатото и сегашноста, се презентираат искуства на луѓе кои што во минатото, а и сега, се повеќе се мачат, се чуствуваат неслободни, немоќни во тоа да се изборат со предизвиците и искушенијата кои стојат пред нив. 
2. Во однос на вториот дел, да се понуди начин, како човек да го освести своето постоење и да стане свесен дека во него е моќта за спасението и обезбедување на слобода, се користат два метода. 
2.1 Првиот метод е таканаречена теорија, во која што се содржани искуствата, знаењата произлезени од други луѓе. Православната религија ја користи Библијата, го користи Господ Исус Христос и сите свети луѓе, со нивните искуства да ја презентира целокупната теорија за тоа како оваа религија успеала во минатото да ги спасува луѓето и како успеала да опстане толку време на толку големи простори и да им помогне на толку голем број на луѓе. Со тоа се презентираат успесите, но истовремено се собира целокупното искуство, знаење, општи начела и принципи, кои што се составен дел на методите на спасување на човекот во рамки на таа религија. Православната религија своите тајни ги чува во црквата. Се што е создадено, се што е постигнато, се што луѓето имаат направено во нивното издигнување кон бога, како тајна е сочувана и се одржува во рамки на црквата. Во неа се ставени сите правила и принципи кои што би требало да се почитуваат доколку некој сака да со овој метод и на овој начин се приближи до бога. 
2.2 Вториот момент е постоење на практично искуство кое што треба секој поединечно да го стекнува за да може да се движи по патот. Во вториот дел тајните кои што се добиваат од црквата, мора да се практикуваат за да може човек поединечно, сам, да стекне свое искуство, свој личен однос со боженственото со се што е духовно, светиот дух, и на тој пат тоа е само негова придобивка. Вториот дел не се коментира и не се разменува со другите луѓе, затоа што тој пат за секого е различен, за секој човек е посебен, единствено на располагање го има својот духовник кој што му помага да оди по тој пат на правилен начин и да ги применува тајните на соодветен начин. 
На религијата и се спротивставува науката, при тоа потенцирајќи дека има спротивставеност и разлика помеѓу нив. И науката тврди дека се грижи за продолжување на животниот век, подобар стил или квалитет на живеење, олеснување на маките на човекот на земјата и сето тоа го прави со откривање на законите на физичкиот универзум, откривање на техники и технологии, со кои што човекот би ја остварил својата од бога дадена функција, да има власт над земјата и над се што е на земјата. Каде е тогаш конфликтот, во што постои борба помеѓу религијата и науката? Во однос на првиот дел, постоење на теорија, пракса на другите од минатото и собрано знаење за тоа што функционира, што не функционира, знаење за тајните кои што во науката се викаат закони, бидејќи правилата кои овозможуваат да се предвидат идните настани во религијата се викаат тајни и мистицизам а во науката тие се наречени закони. Законите му овозможуваат на човекот да го оствари следното: да биде во состојба да ги предвиди последиците од своите постапки. Улогата на тајните и законите е да му овозможат на човек да ги открие последиците од своите постапки, а ако тоа може да го открие, значи може да ја предвиди иднината. 
  • Првиот конфликт е кој подобро може да ја предвиди иднината, а предвидувањето се одвива на две различни полиња. Религијата предвидувањата за иднината ги темели на духовното или божествената природа на човекот, а науката предвидувањата на иднината ги темели врз материјалното или човековата природа, природата на човекот како материја. 
  • Вториот конфликт е што религијата не сака да ги докажува нејзините методи, како што се молитва, исповест итн. за да не ги набројуваме, треба да се докажуваат дека функционираат за сите луѓе, дека треба да се набројуваат искуства дека луѓето треба да ги кажуваат, додека науката бара, за да може да биде нешто применето во тоа да стојат број на луѓе, да стојат искуства и да се види дека тие успеале. Кај науката тоа е полесно, може нешто да се докаже со гледање на материјалниот свет дали нешто функционира или не, меѓутоа во духовниот свет гледањето не е со очите туку со умот, и на тој начин постои проблем, дури и не е возможно да се докаже нешто од тој тип како што бара науката. 
Значи конфликтот е дали она во што човек верува, она што човек прави на планот на духовното, треба да го презентира и да го нуди во материјалниот свет. До тоа сознание имаат дојдено и науката и религијата, дека не може никако да се меша човековата природа со божествената природа. Следниот момент на кој што се разликуваат или постои конфликт е што религијата посебно православната, одбива било каков контакт со материјалното, одбива било какво внимание да се посвети на материјалното. Науката пак одбива изричито во овој живот да се зборува за духовното или божественото. Тој конфликт трае, трае, трае и крајниот резултат што сакаат да го постигнат и едните и другите е кој ќе добие власт, примат, монопол над вистината. Сигурно има и други моменти кои ги разликуваат и прашања за кои се води битка помеѓу овие две работи, меѓутоа таа битка помеѓу човековата природа на личноста и духовната или божествената е долг период разговарана и постои тој конфликт. 
Дали постои можност за помирување, прашање е сега? Она во што се помирија и науката и религијата или во што се согласуваат е дека личноста на поединецот, човекот е креатор и на едното и на другото. Креатор и на материјалното, креатор и на духовното. Се повеќе науката сваќа дека мислата, духот, емоцијата, желбите го креираат материјалниот свет. Тука се согласуваат со религијата која вели, за се што човек има околу себе, во себе и до себе, е тој сам виновен, дека никој друг не му е виновен и дека гревот е негов. Тука постои заеднички став. 21 век ќе преовладува тој заеднички момент на откривање на религијата и науката. 
Што тогаш да прави обичниот поединец? Што да прави македонецот? Истото што го правел и до сега, од него зависи дали ќе сфати дека духовното доминира над материјалното и дека духовните закони или таканаречени тајни се тие што ја одредуваат неговата судбина, неговата околина и пред се неговата иднина. И најважното од се во што се согласуваат и религијата и науката е дека минатото не мора да биде продолжение на иднината, и дека секој поединец бира дали ке продолжи да мисли и делува како што тоа го правел во минатото, или пак ќе одлучи да го прифати предизвикот и да ја почне борбата, минатото да не ја одредува неговата иднина. Тоа важи и за поединецот, тоа важи и за македонецот, како група, како народ, како нација, како носител на државноста. Она под што се маскира минатото како одредувач на иднината е таканаречената традиција, таканаречената борба за слобода, таканаречените корени. Под тоа се маскира робството на еден човек и народ, да неговата положба не се подобри со тоа што му се нуди минатото како решение на иднината. Таа традиција, тоа ги довело до ова што се. Таа традиција мора да биде преиспитувана од аспект на тоа како влијаела на развојот на поединецот, со што придонела за развој на македонецот. Ако таа традиција не носи резултати, таа не може да биде нити религиозна тајна нити научен закон. Зошто? Прво зошто не му ја предвидуваат иднината, а второ не може да обезбеди моќ, способност да самиот македонец и македонски народ одлучуваат за својата иднина. Само оние поединци и народи кои ги знаат тајните и законите на човековото постоење, на човековата креација, на човековата моќ и на човековиот пат до слобода, само тие можат да кажат дека ја превзеле одговорноста за себе и својот опстанок, својот живот и своето постоење. Без таа одговорност, религијата и науката се согласуваат во тоа, не е возможно човек да биде слободен и да биде човек. 21 век треба да биде век на помирување на науката и религијата, и двете да се насочат кон поединецот, еден на еден да се промовира дека секој еден е моќен, е способен, може и само треба да сака и да биде помогнат да се издигне од калта и да почне да ги користи духовните закони или религиозните тајни. Начините како тоа да се направи можат да се најдат и во религијата и во науката. И двете учат како човек да го пронајде доброто за себе и за другите, но моќно суштество кое може да влијае на тоа што во животот треба да му се случи, тоа истото важи и за македонецот и за македонскиот народ, одлуката дали ќе ја превземе одговорноста е само негова. Од што треба да се води кога сака да ја превземе одговорноста, како да знае дали е нешто добро или не. Многу едноставно, се што подучува и насочува дека некој друг треба да направи нешто за тебе е погрешно. Сето она што подучува дека моќта е во тебе, сето она што те мотивира да направиш нешто, да се подобриш, да кај себе избереш што е тоа што ти носи добро во едната и во другата област , материјалното и духовното, значи добро и за тебе и за другите. сето она што те тера да чекаш, да бидеш настрана од животот, да не се вклучиш во тековите на животот, сето тоа те ограничува не е добро за тебе. За македонецот и македонскиот народ суштински важно е да прифати да работи , да делува и да не остави друг ( влада, пријатели, менаџери) да го ограничува во превземањето иницијатива. Одлуката ( изборот) за добро е на секој поединец и на секој народ.

Tuesday, September 28, 2010

Менување на твојата околина

Тоа што најчесто те нервира е она што те опкружува. Ти прави стресови, поточно оние настани кои ти се случуваат а не си ги планирал ниту си се надевал на нив. Со околината комуницираш со збор, сетила и емоции. Таа ти замера дека не си доволно добар во тоа што го работиш, те тера да учиш и да се подобруваш. Некогаш одбива да комуницира со тебе а некогаш претерува во тоа. Луѓето комуницираат меѓу себе за да ги остварат своите цели. Дали и твојата комуникација се заснова на тоа? Да добиеш нечие внимание со цел тој да се ангажира за да ја оствари твојата цел или обратно некој го преокупирал твоето внимание за ти да ја оствариш неговата цел. Менување на околината всушност се сведува на остварување на нечии цели. Кога ова недостасува, всушност ништо не се случило и никој ништо не добил. Затоа првиот чекор е да го смениш начинот на комуникација и да го прифатиш најголемиот и најважен напор во работењето:- внеси намера во твојата комуникација со околината. Оспособи се да комуницираш со намера за да ги оствариш своите цели и истото право признај им го и на другите. Разменувај го со другите : Дај им го тоа што ти го имаш а тие го немаат за она што тие го имаат а ти не. Брзо ќе се најдеш во друштво на луѓе со кои двострано ќе победувате и ќе ги остварувате своите цели. Подобри ја комуникацијата со околината за да ја промениш во твоја полза

Monday, August 9, 2010

ЗОШТО И ШТО ДА УЧИШ ?

Пред некој ден пресметував колку време сум потрошил да научам како се подесуваат каналите на ТВ, како се користи далечинскиот управувач, како работи радиото во новата кола, подесувањето на новиот тип на мобилен. Да не набројувам за времето поминато да научам како работат програмите на компјутерот, електронската пошта, интернет и сл. Навистина доста време поминато во учење на новите направи кои ни донесоа технолошки напредок и полесен живот.
Првите 20-тина години од животот на секој човек поминуваат во учење и стекнување на образование.
Долго време си поминал во учење и најчесто не си се лутел што тоа го правиш. Значи нешто те тера да учиш и знаеш дека тоа ти треба. Податоците што ги добиваш со учењето ги сметаш за потребни за да имаш подобри одлуки и акции поврзани со твојата работа и живот. Значи за да можеш да дојдеш до нови податоци и информации првиот услов е да сакаш да учиш. Тогаш си подготвен да откриваш нови податоци и знаење што ќе ти ги отворат видиците за подобри решенија поврзани со твојот живот. Но сето ова има смисла за тебе и те прави витален само доколку доаѓаш до знаење кое можеш да го примениш во секојдневниот живот и со неговата примена подобро се снаоѓаш и опстануваш во животот.
Зошто чувствуваш дека учењето и знаењето се решение за твојот опстанок и квалитетен живот? Што се случува кога учиш и доаѓаш до нови податоци? Би можел лесно ти и секој друг да даде одговор на овие прашања доколку постои, како што има кај технолошките направи што ги купуваш (ТВ, компјутер, автомобил, мобилен и др.), упатство за начинот на функционирање на човекот. Но ти кога се раѓаш не добиваш и упатство како ти функционираш. Животните добиваат во наследство нешто (способност за летање, канџи, остри заби, големо тело и сл.) со чие користење опстануваат во средината каде живеат. Но човекот нема ништо од тоа. Но затоа има нешто што ниедно друго животно го нема: свесност и ум. И се што целиот живот го правиш е да ја откриеш моќта содржана во тие две нешта. Моќ што те прави различен и посилен во однос на се животинско.
Основата на учењето е да го направиш умот посвесен и поподготвен да ги решава твоите проблеми. Податоците што му ги даваш го прават посилен и послаб во однос на околината. Вистинското и применливо знаење му помага да ги решава твоите секојдневни потреби. Значи основата на твоето учење е да го оспособиш умот за носење на вистински одлуки. Умот е тој што учи и тој што треба да го користи добиеното знаење.
И види апсурд. Тој што е најодговорен за решавање на животните проблеми добива најмалку од твоето внимание. Ти треба да се свртиш кон изворот на твојата креативност, твојот ум, и да научиш како тој функционира. Тоа е основата на секое, па и твоето, знаење. Не смееш да бидеш како многумина кои трчаат по знаење а не знаат како функционира носителот на знаењето и како тој носител, умот, го користи за да решава проблеми. Научи како функционира умот и секое знаење ти е на дланка.
Како да оцениш дека е вистинско време да почнеш да учиш за умот? Постави си едноставно прашање: Дали се прилагодувам на околината или сум способен да ја прилагодам околината на моите цели? Не се прилагодувај на средината туку искористи ја моќта што ти е дадена како човек да ја менуваш, да имаш власт над сé па и над средината во која живееш.
Постојат начини, техники, алатки да го научиш тоа.
creation@t-home.mk

Monday, July 26, 2010

ВИ ТРЕБА ЛИ КРЕАТИВНОСТ ДЕНЕС?

Во време кога ги имате решенијата за секој можен проблем ви треба ли вашата вродена способност да креирате. Производи од секаков вид ви го осмислија животот и ви создадоа навики кои мора да ги следите доколку сакате да “опстанете„. Се држите за нив бидејќи сметате дека тоа ви овозможува квалитет на живеење и повисок стандард. Да, навистина ви обезбедува! Сепак најголемиот дел од Вас делува несреќно или поедноставно кажано не сте задоволни. Да се чувствувате несреќно всушност значи дека не сте подготвени да го прифати тоа што постои. Да, не сакате да прифатите дека немате работа, дека платата ви е помала од трошоците за живеење и дека се помалку ги барат вашите услуги. Причината за ваквото однесување е што сметате дека таа состојба не е ваша одговорност и ја префрлате на некој друг: -околината; - пријателите;- општината и владата. Сте избрале да се откажете од одговорноста да го добиете тоа што ви треба. Но тоа во крајна линија е откажување од одговоорноста да го обезбедите тоа што ви треба за живот, или откажување од одговорноста за вашиот живот. Потребата за креативност ќе ви се врати кога ќе изберете да ја превземете одговорноста за постигнување на вашите цели. Потпирањето на креативноста е почеток на еден поинаков однос кон Вас самите. Ќе се одважите да посакате да ја менувате околината во која се наоѓате а ќе престанете да се прилагодувате на неа бидејќи така досега ви кажувале дека е единствено исправно. Прашувате дали можете да научите да бидет креативни? Да, тоа се учи. Вие само одлучувате кои цели сакате да ги постигнете и почнувате да откривате каква помош Ви е потребна за да ги промените состојбите кои сега ве спречуваат да го постигнете тоа. Во „Креација“ развиени се применливи знаења за тоа како да ја ги зголемите вашите шанси за вработување, поголема плата или поголем приход на вашето претпријатие. Креација е местото каде можете да почнете. Доколку имате прашања или интерес да се вклучите во нашите програми обратете се на маил creation@t.mk или со дискусија на овој текст.

Tajnata na Koloidnata Srebrena Voda