Monday, November 8, 2010

Улогата на религијата и науката за развој на човековата свест

За нешто да се дефинира како религиозна филозофија , мора да исполни два услови: Првиот услов е, да презентира дека човекот во овој свет многу страда и дека не е слободен. Вториот услов е, да се понудат начини како да се спаси од тоа страдање. Ако ги погледнете сите постојни религии, ќе видите дека сите ги имаат овие две работи како основа за нивното постоење. Православната религија одговара на овој предизвик, во себе ги содржи и двете работи. Опстојала подолго зато што на посебен и свој начин, успеала да му помогне на човекот во неговото приближување до бога, односно до она што го прави различен од се друго што постои на земјината топка. 
1. За потврдување на религијата во однос на првиот услов, дека човекот страда на земјата, се користи минатото и сегашноста, се презентираат искуства на луѓе кои што во минатото, а и сега, се повеќе се мачат, се чуствуваат неслободни, немоќни во тоа да се изборат со предизвиците и искушенијата кои стојат пред нив. 
2. Во однос на вториот дел, да се понуди начин, како човек да го освести своето постоење и да стане свесен дека во него е моќта за спасението и обезбедување на слобода, се користат два метода. 
2.1 Првиот метод е таканаречена теорија, во која што се содржани искуствата, знаењата произлезени од други луѓе. Православната религија ја користи Библијата, го користи Господ Исус Христос и сите свети луѓе, со нивните искуства да ја презентира целокупната теорија за тоа како оваа религија успеала во минатото да ги спасува луѓето и како успеала да опстане толку време на толку големи простори и да им помогне на толку голем број на луѓе. Со тоа се презентираат успесите, но истовремено се собира целокупното искуство, знаење, општи начела и принципи, кои што се составен дел на методите на спасување на човекот во рамки на таа религија. Православната религија своите тајни ги чува во црквата. Се што е создадено, се што е постигнато, се што луѓето имаат направено во нивното издигнување кон бога, како тајна е сочувана и се одржува во рамки на црквата. Во неа се ставени сите правила и принципи кои што би требало да се почитуваат доколку некој сака да со овој метод и на овој начин се приближи до бога. 
2.2 Вториот момент е постоење на практично искуство кое што треба секој поединечно да го стекнува за да може да се движи по патот. Во вториот дел тајните кои што се добиваат од црквата, мора да се практикуваат за да може човек поединечно, сам, да стекне свое искуство, свој личен однос со боженственото со се што е духовно, светиот дух, и на тој пат тоа е само негова придобивка. Вториот дел не се коментира и не се разменува со другите луѓе, затоа што тој пат за секого е различен, за секој човек е посебен, единствено на располагање го има својот духовник кој што му помага да оди по тој пат на правилен начин и да ги применува тајните на соодветен начин. 
На религијата и се спротивставува науката, при тоа потенцирајќи дека има спротивставеност и разлика помеѓу нив. И науката тврди дека се грижи за продолжување на животниот век, подобар стил или квалитет на живеење, олеснување на маките на човекот на земјата и сето тоа го прави со откривање на законите на физичкиот универзум, откривање на техники и технологии, со кои што човекот би ја остварил својата од бога дадена функција, да има власт над земјата и над се што е на земјата. Каде е тогаш конфликтот, во што постои борба помеѓу религијата и науката? Во однос на првиот дел, постоење на теорија, пракса на другите од минатото и собрано знаење за тоа што функционира, што не функционира, знаење за тајните кои што во науката се викаат закони, бидејќи правилата кои овозможуваат да се предвидат идните настани во религијата се викаат тајни и мистицизам а во науката тие се наречени закони. Законите му овозможуваат на човекот да го оствари следното: да биде во состојба да ги предвиди последиците од своите постапки. Улогата на тајните и законите е да му овозможат на човек да ги открие последиците од своите постапки, а ако тоа може да го открие, значи може да ја предвиди иднината. 
  • Првиот конфликт е кој подобро може да ја предвиди иднината, а предвидувањето се одвива на две различни полиња. Религијата предвидувањата за иднината ги темели на духовното или божествената природа на човекот, а науката предвидувањата на иднината ги темели врз материјалното или човековата природа, природата на човекот како материја. 
  • Вториот конфликт е што религијата не сака да ги докажува нејзините методи, како што се молитва, исповест итн. за да не ги набројуваме, треба да се докажуваат дека функционираат за сите луѓе, дека треба да се набројуваат искуства дека луѓето треба да ги кажуваат, додека науката бара, за да може да биде нешто применето во тоа да стојат број на луѓе, да стојат искуства и да се види дека тие успеале. Кај науката тоа е полесно, може нешто да се докаже со гледање на материјалниот свет дали нешто функционира или не, меѓутоа во духовниот свет гледањето не е со очите туку со умот, и на тој начин постои проблем, дури и не е возможно да се докаже нешто од тој тип како што бара науката. 
Значи конфликтот е дали она во што човек верува, она што човек прави на планот на духовното, треба да го презентира и да го нуди во материјалниот свет. До тоа сознание имаат дојдено и науката и религијата, дека не може никако да се меша човековата природа со божествената природа. Следниот момент на кој што се разликуваат или постои конфликт е што религијата посебно православната, одбива било каков контакт со материјалното, одбива било какво внимание да се посвети на материјалното. Науката пак одбива изричито во овој живот да се зборува за духовното или божественото. Тој конфликт трае, трае, трае и крајниот резултат што сакаат да го постигнат и едните и другите е кој ќе добие власт, примат, монопол над вистината. Сигурно има и други моменти кои ги разликуваат и прашања за кои се води битка помеѓу овие две работи, меѓутоа таа битка помеѓу човековата природа на личноста и духовната или божествената е долг период разговарана и постои тој конфликт. 
Дали постои можност за помирување, прашање е сега? Она во што се помирија и науката и религијата или во што се согласуваат е дека личноста на поединецот, човекот е креатор и на едното и на другото. Креатор и на материјалното, креатор и на духовното. Се повеќе науката сваќа дека мислата, духот, емоцијата, желбите го креираат материјалниот свет. Тука се согласуваат со религијата која вели, за се што човек има околу себе, во себе и до себе, е тој сам виновен, дека никој друг не му е виновен и дека гревот е негов. Тука постои заеднички став. 21 век ќе преовладува тој заеднички момент на откривање на религијата и науката. 
Што тогаш да прави обичниот поединец? Што да прави македонецот? Истото што го правел и до сега, од него зависи дали ќе сфати дека духовното доминира над материјалното и дека духовните закони или таканаречени тајни се тие што ја одредуваат неговата судбина, неговата околина и пред се неговата иднина. И најважното од се во што се согласуваат и религијата и науката е дека минатото не мора да биде продолжение на иднината, и дека секој поединец бира дали ке продолжи да мисли и делува како што тоа го правел во минатото, или пак ќе одлучи да го прифати предизвикот и да ја почне борбата, минатото да не ја одредува неговата иднина. Тоа важи и за поединецот, тоа важи и за македонецот, како група, како народ, како нација, како носител на државноста. Она под што се маскира минатото како одредувач на иднината е таканаречената традиција, таканаречената борба за слобода, таканаречените корени. Под тоа се маскира робството на еден човек и народ, да неговата положба не се подобри со тоа што му се нуди минатото како решение на иднината. Таа традиција, тоа ги довело до ова што се. Таа традиција мора да биде преиспитувана од аспект на тоа како влијаела на развојот на поединецот, со што придонела за развој на македонецот. Ако таа традиција не носи резултати, таа не може да биде нити религиозна тајна нити научен закон. Зошто? Прво зошто не му ја предвидуваат иднината, а второ не може да обезбеди моќ, способност да самиот македонец и македонски народ одлучуваат за својата иднина. Само оние поединци и народи кои ги знаат тајните и законите на човековото постоење, на човековата креација, на човековата моќ и на човековиот пат до слобода, само тие можат да кажат дека ја превзеле одговорноста за себе и својот опстанок, својот живот и своето постоење. Без таа одговорност, религијата и науката се согласуваат во тоа, не е возможно човек да биде слободен и да биде човек. 21 век треба да биде век на помирување на науката и религијата, и двете да се насочат кон поединецот, еден на еден да се промовира дека секој еден е моќен, е способен, може и само треба да сака и да биде помогнат да се издигне од калта и да почне да ги користи духовните закони или религиозните тајни. Начините како тоа да се направи можат да се најдат и во религијата и во науката. И двете учат како човек да го пронајде доброто за себе и за другите, но моќно суштество кое може да влијае на тоа што во животот треба да му се случи, тоа истото важи и за македонецот и за македонскиот народ, одлуката дали ќе ја превземе одговорноста е само негова. Од што треба да се води кога сака да ја превземе одговорноста, како да знае дали е нешто добро или не. Многу едноставно, се што подучува и насочува дека некој друг треба да направи нешто за тебе е погрешно. Сето она што подучува дека моќта е во тебе, сето она што те мотивира да направиш нешто, да се подобриш, да кај себе избереш што е тоа што ти носи добро во едната и во другата област , материјалното и духовното, значи добро и за тебе и за другите. сето она што те тера да чекаш, да бидеш настрана од животот, да не се вклучиш во тековите на животот, сето тоа те ограничува не е добро за тебе. За македонецот и македонскиот народ суштински важно е да прифати да работи , да делува и да не остави друг ( влада, пријатели, менаџери) да го ограничува во превземањето иницијатива. Одлуката ( изборот) за добро е на секој поединец и на секој народ.

No comments:

Post a Comment