Tuesday, September 28, 2010

Менување на твојата околина

Тоа што најчесто те нервира е она што те опкружува. Ти прави стресови, поточно оние настани кои ти се случуваат а не си ги планирал ниту си се надевал на нив. Со околината комуницираш со збор, сетила и емоции. Таа ти замера дека не си доволно добар во тоа што го работиш, те тера да учиш и да се подобруваш. Некогаш одбива да комуницира со тебе а некогаш претерува во тоа. Луѓето комуницираат меѓу себе за да ги остварат своите цели. Дали и твојата комуникација се заснова на тоа? Да добиеш нечие внимание со цел тој да се ангажира за да ја оствари твојата цел или обратно некој го преокупирал твоето внимание за ти да ја оствариш неговата цел. Менување на околината всушност се сведува на остварување на нечии цели. Кога ова недостасува, всушност ништо не се случило и никој ништо не добил. Затоа првиот чекор е да го смениш начинот на комуникација и да го прифатиш најголемиот и најважен напор во работењето:- внеси намера во твојата комуникација со околината. Оспособи се да комуницираш со намера за да ги оствариш своите цели и истото право признај им го и на другите. Разменувај го со другите : Дај им го тоа што ти го имаш а тие го немаат за она што тие го имаат а ти не. Брзо ќе се најдеш во друштво на луѓе со кои двострано ќе победувате и ќе ги остварувате своите цели. Подобри ја комуникацијата со околината за да ја промениш во твоја полза

No comments:

Post a Comment